August 15, 2022 20:54
Балкан

Курти тврди дека нема опасност од дестабилизација во Косово

Нема простор за тензија или опасност од дестабилизација поради утрешниот почеток на примената на одлуката на Приштина за пререгистрација на возила и лични карти, изјави косовскиот премиер, Албин Курти.

Курти на прес-конференцијата рече дека се работи на тоа утре се’ да биде како што треба.

Тој потенцираше дека нема да се земаат документи од граѓаните кои влегуваат во Косово од централна Србија, туку дека ќе добијат изјави за потпишување.

„Ние нема да им ги одземаме документите на луѓето кои влегуваат од Србија во Косово. Тие доаѓаат со документи издадени од Србија, ние не им ги одземаме тие, туку им издаваме писмени изјави, исто онака како што веќе 11 години Србија постапува со секој граѓанин на нашата Република кога ја преминува границата за влез во Србија. Од утре тие ќе имаат еден документ повеќе“, изјави Курти.

Според Курти, ова е легитимен и правен потег на Приштина.

Во Приштина, по седницата на тамошниот совет за безбедност, беше соопштено дека од 1 август почнува да се применува одлуката од 29 јуни за почеток на пренамена на регистарските таблички и за преминување на границата со привремени декларации со кои ќе започне замена на личните документи од централна Србија.

Исто така, како што е најавено, рокот за покривање на симболите и државните ознаки на Србија за возилата кои влегуваат во Косово се продолжува до 31 октомври.

sunwin

sunwin apk tải sunwin apk sunwin

game bài sunwin sunwin web game bài sunwin

sunwin.apk mới nhất game sunwin sunwin apk

sunwin.apk mới nhất sunwin sunwin web