February 27, 2021 22:42
Балкан

Курти со забрана за учество на парламентарните избори во Косово

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти нема да може да учествува на претстојните парламентарни избори во Косово, бидејќи Изборниот панел за жалби и претставки (ЕЦАП) во Приштина одлучи денеска кандидатите кои во последните три години биле осудени да немаат право на учество на овие избори.

ЕЦАП ја донесе одлуката врз основа на жалбите поднесени од сите партии, а според одлуката на Централната изборна комисија.

– И покрај уцените и притисоците кои пристигнаа од страните кои се жалат, ЕЦАП ја извршува својата работа целосно професионално согласно одлуката на Уставниот суд и важечките закони, истакна извор од ЕЦАП.

Покрај Курти, уште четворица кандидати од листата на Движењето самоопределување нема да можат да учествуваат на изборите.

Watch Fairy Tail (Dub) Episode 22 (https://animeplanet.cc/m/dBxV/ep-22) at website https://animeplanet.cc. See more anime planet safe

Re:ZERO -Starting Life in Another World- Season 2 Episode 13 at ANIMEFLIX animeflix fruits basket