August 15, 2022 17:27
Балкан

Курти: Нема да дозволам друга српска држава на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти изјавил за албанската телевизија „Сири“ дека нема да дозволи „друга српска република на Косово, слична на онаа што постои во БиХ“.

„Не сум против Србите, но Србија е против нас и не можам да дозволам друга српска република на Косово, слична на онаа што ја имаат во Босна затоа што таму почнаа да ги соединуваат општините со мнозинство српско население и со тоа да прават автономен ентитет, што ја саботира државата БиХ“, вели Курти.

Тој верува дека постои слична цел и на Косово и наведе дека лидерите во Србија пред неколку години се обидоа да направат проект за размена на територии.

Курти не може да каже дека тој проект е мртов, ама тврди дека идејата пропадна.

Косовскиот премиер повтори дека се противи за иницијативата „Отворен Балкан“ и ја обвини Србија дека се обидува да го дестабилизира Балканот.

sunwin

game sunwin

sunwin apk

game bài sunwin sunwin sunwin.apk mới nhất

sunwin apk sunwin web sunwin club