На 12.01.2021 во 18.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во бараката на месната заедница во нас.Железничка станица во Куманово има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.
Полициски службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица, при што било утврдено дека станува збор за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.