June 21, 2021 19:00
Спорт

Куманово го одбрани трофејот во Купот на Македонија

Куманово во финалето на женскиот ракометен Куп на Македонија го победи Вардар со 26-18 и го одбрани трофејот, кој го освои во 2019 година, откако лани поради пандемијата од коронавирусот  не се играше. За Куманово ова е втор трофеј во најмасовното натпреаврување во клуспакта историја.

Вардарки го почна добро натпреварот имаа предност од два гола (4-2) по што почнаа да прават грешки, а тоа го казнуваше Куманово и ја презеде контролата над резултатот и играта и на пауза замина со 12:9.

Вардар како и на почетокот од натпреаврот почна добро во второто полувреме, намали на само еден гол разлика (11-12), но тоа беше се, бидејќи Куманово стапи на сцена, ја презеде играта во своите раце и постојано ја зголемуваше предност која во 45. минута беше дури шест гола предност (21-15) по што стана јасно дека победничкиот пехар нема да го смени сопственикот.

Најефикасна во составот на Куманово беше Јанкуловска со шест голови, додека Трпевска постигна пет погодоци за Вардар.

AnimeFreak anime freak attack on titan: Watch One Piece (Dub) Episode 663

AnimeHeaven animes online: Watch Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 4 (https://animeheaven.pro/m/A8yL/ep-4)