April 8, 2020 13:57
Македонија

Кумановка почина од коронавирус

Жена од Куманово на возраст 57 години која вчера починала е првата жртва на коронавирусот, соопшти денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, таа починала вчера, но дополнително било утврдено дека има вирус, по два негативни тестови на заразата.Во критична состојба бил донесен и нејзиниот син на возраст од 33 годинии, но откако бил пренесен на Инфективната клиника.Сега состојбата му е стабилна.

-Кога жената била хоспитализирана во Куманово имала симптоми на коронавирус и лекарите ѝ земале брисеви. Биле направени два теста, но и двата биле негативни.Сепак, бидејќи имала симптоми на коронавирус, лекарите продолжиле да ја третираат како пациенит заразен со коронавирус.Жената починала откако состојбата нагло ѝ се влошила. Бидејќи имало нагло влошување на нејзината состојбата што е типично за случаите со коронавирусот, лекарите решиле по смртта да земат уште еден брис и овој тест се покажал позитивен, рече Филипче.

Бројот на новозаболени од коронавирус во земјава достигна бројка од 114 лица во последниве 24 часа, говорат податоците на Министерството за здравство.

Во изминатото деноноќие се регистрирани 29 нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 114. По градови: Скопје (22), Штип (3), Дебар (2), Куманово (1) и Охрид (1).

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во: Скопје (65), Дебар (36), Штип (7), Кавадарци (2), Охрид (2), Гостивар (1), Куманово (1).

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во моментов се хоспитализирани 24 пациенти. 7 пациенти се континуирано на третман со кислород, 11 се веќе во стабилна – добра здравствена состојба. Утре, по истекот на 14 дена од поставување дијагноза, кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката кај која имаше влошување нема промена на состојбата и таа сѐ уште е на респираторна машина. Пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите.