Хроника

Кумановец фатен со два пиштола, уапсен охриѓанец-дилер на кокаин

На 09.04.2021 во периодот од 12.55 до 13.55 часот од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и СВР Охрид, по претходно добиена судска наредба од Основен суд Охрид, извршен е претрес во дом и други простории кои ги користи М.А.(30) од Охрид.

При претресот се пронајдени и одземени 11 најлонски пакувања со кокаин. М.А. е лишен од слобода  и приведен во полициска станица, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.04.2021 во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, превидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Имено, по насоки од Одделот за криминалистичка полиција и добиена наредба од Основен суд Куманово извршен е претрес кај М.З., при што се пронајдени и одземени два пиштола и рамка со 7 боеви куршуми, кои ги поседувал без дозвола. М.З. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

AnimeDao a silent voice animedao: How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1

AnimeFreak animefreak avatar: Death Note Episode 37