Дваесет и деветгодишен кумановец рано утринава пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект од страна на две лица.
– На 16.01.2022 во 04.00 часот М.С.(29) од Куманово пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Куманово, по претходна вербална расправија, бил физички нападнат од Љ.Ѓ. и уште едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму додаваат, дека се работи на расчистување на случајот.