August 5, 2021 03:58
Македонија

Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Со новиот состав на органите, со спој на искуство и нова енергија, СДСМ уште подобро и уште повеќе посветено ќе им служи на граѓаните и на државата, потенцира портпаролката на владејачкиот СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа смета дека по 26. конгрес, којшто се одржа вчера, СДСМ започнува ново четиригодишно поглавје за напредокот на македонската држава и подобра иднина на сите граѓани.

„Во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите. Новиот состав на Централниот одбор е освежен, во кој две третини од членовите на ЦО се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата“, рече Кузеска.

Според неа, од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи, што значи како што рече дека има целосна родова еднаквост. Млади се 45 члена, што претставува застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и во СДСМ и во  која било друга партија во Северна Македонија.

„Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница. Избрани се и 18 члена на Извршниот одбор на партијата, од кои 9 се жени, а 6 доаѓаат од редовите на младите. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, а од 4 потпретседатели, двајца се нови. Новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор и целото раководство на партијата ќе ја реализира владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените“, оценува Кузеска.

Од друга страна како што рече, ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна партија и натаму останува заробена во режимската матрица, слугува на наредбите од Будимпешта, во континуитет се деструктивни без да размислуваат за интересите на граѓаните.

Според неа, ВМРО ДПМНЕ свесно го блокира напредокот на државата, го блокира Собранието, шири лажни вести, застанува во одбрана на криминалци и насилници и работи против правдата во државата, вели Кузеска.

AnimeTV anime tv shows website: Jujutsu Kaisen (TV) Recap (https://animetv.cc/m/7N1Q) Episode Full

4Anime hunter x hunter 4anime: Watch The Quintessential Quintuplets 2 Episode 12 (https://4anime.biz/m/JoKO/ep-12)