June 24, 2021 20:15
Македонија

Кузеска: Кога СДСМ дојде на власт најде урнисан систем, а сега во континуитет растат платите на граѓаните

„Кога СДСМ дојде на власт најде урнисан систем. Ние не требаше само да ги подобруваме работите, не почнувавме од нула, туку од дебел минус. По трансферот на власта во 2017, во континуитет растат платите на воспитувачките, на здравствените работници, на текстилните работници“ изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Таа повтори дека ВМРО-ДПМНЕ беше единствената партија која што беше против покачувањето на минималната плата и против враќање на парите на граѓаните.

Кузеска додаде дека нормално е граѓаните да имаат одредени очекувања од СДСМ, бидејќи во моментов е на власт, но кажа и дека ВМРО-ДПМНЕ не се изземени од одговорност, бидејќи три години не успеале да се реформираат.

„СДСМ е државотворна партија, која не престана да ги води процесите кои ја водат државата напред. СДСМ прави се за да се отворат преговорите, ние го започнавме тој процес и нема враќање назад“ потенцираше Кузеска.

WCOStream dubbed anime: Watch Assassination Classroom (Dub) Episode 10

ANIMEFLIX one punch man animeflix: Gintama Episode 201