December 7, 2022 20:43
Свет

Кубанците гласаат за истополовите бракови, посвојувањето и за сурогат мајчинството

Кубанците на референдум ќе гласаат дали да се легализираат истополовите бракови и посвојувањето, да се дозволи сурогат мајчинство и да се дадат поголеми права на небиолошките родители. Над осум милиони Кубанци постари од 16 години имаат право да гласаат на доброволен референдум со тајно гласање, а ова е првпат да одлучуваат за закон на ваков начин.

Само неколку месеци откако владата го усвои кривичниот закон критикуван за ограничување на слободата на изразување, законот за семејство не само што дозволува истополови бракови и сурогат мајчинство (под услов да не се платени), туку им дозволува и на истополовите парови да посвојуваат деца и им дава родителски права на не-биолошки родители.

Ако биде одобрена, Куба ќе стане само деветтата земја во Латинска Америка која дозволува истополови бракови, по Аргентина, Бразил, Колумбија, Еквадор, Костарика, Чиле, Уругвај и делови од Мексико.