January 15, 2021 19:11
Свет

Кубанските демонстранти постигнаа договор за отпочнување на дијалог со Владата

Во Хавана вчера се одржа еден од ретките протести пред кубанското Министерство за култура, на кој учествуваа повеќе од 300 уметници, активисти и граѓани кои протетсираа против репресијата и цензурата.

Протестот заврши откако демонстрантите постигнаа договор со властите за отпочнување на дијалог.

Група од 30 демонстранти, вклучително и познати уметници, разговараа повеќе од четири часа со заменикот министер за култура Фернанд Рохас,при што е договорено отпочнување на дијалог.

Демонстрантите тврдат дека Рохас се согласил да го преиспита случајот на раперот, кој мецесов беше осуден на осум месеци затвор и за уметникот кој е прогласен за дисидент и од четвртокот е во притвор, бидејќи кубанските власти го прогласија за платеник на САД.

Еден од демонстрантите, кој беше на средба со Рохас, тврди дека разговарале и за слобода на говорот, слобода на здружување, за цензурата и физичката репресија.

Мислам дека ваков разговор не се водел во зградадта на некое Министерство на Куба во последните 60 години, истакна демонстрантот.

Кубанската Влада не го коментираше протестот.

Протестот беше предизвикан од репресијата на власта врз припадниците на движењето Сан Исидро, што е формирано пред две години. Во Движењето учествуваат активисти и уметници дисиденти кои се борат против ограничувањето на слободата на говорот.

Кубанската полиција на 26 ноември упадна во седиштето на движењето Сан Исидро, а неговите членови стапија во штрајк со глад. Петмина штрајкувачи со глад се притворени, а други девет активисти, кои биле во седиштето на Движењето се притворени поради кршење на мерките за заштита од Ковид-19.