November 12, 2019 00:22
Македонија

КСС бара решенија за нивните барања, во спротивно најавува порадикални мерки

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска информираше дека испратиле писмо до Владата во кое најавуваат дека ќе преземат порадикални активности доколку во најкус можен рок не се изнајдат конкретни решенија за нивните барања.

Пред десетина дена, КСС организираше протест пред Владата со барања да се изврши усогласување на платите со покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор. Синдикатот не се согласува и со трансфер на вработени од јавниот во приватниот сектор.

КСС во денешното соопштение испратено до јавноста обвинува дека се соочува и со проблеми при собирањето на списоците за нивното членство со кои треба да ја докаже својата репрезентативност.

– За да може КСС да се спречи во докажување на својата репрезентативност пред Комисијата за утврдување на репрезентативност, КСС се соочува со проблеми во собирањето на списоците, каде согласно Закон, работодавачот е должен да издаде список на членови кои плаќаат чланарина, а ние не можеме да собереме списоци дури за 30 – 40 проценти од нашите членови затоа што директорите имаат инструкции да не доставуваат списоци со членови на синдикатот, што е законска обврска, се вели во соопштението.

Од КСС најавуваат дека за ова ќе ги известат Европската конфедерација на синдикати (ЕТУК), Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУК) и Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Нови вести

Шекеринска на граѓанска трибина: Како никогаш досега ги покачуваме платите во здравството, од 23 до 40%, во образованието до 20%, ќе растат и пензиите

Igor

Анѓушев: Платите и пензиите се зголемуваат поради растот на економските бројки

Igor

Шекеринска од Свети Николе: Наместо на споменици, ние покажавме дека парите можат да се инвестираат во 500 километри патишта, 43 градинки, училишта, водоводи

Igor