January 27, 2022 05:33
Спорт

Крстевски: Не одигравме толку лошо за да загубиме со висока разлика

Денеска во Киев македонската сениорска репрезентација загуби на вториот натпревар од квалификациите за Светскиот куп 2023 од Украина со 78:61 во Киев.

Бојан Крстевски беше нашиот најефикасен стрелец на дуелот против Украинците. Капитенот на нашиот национален тим реално ги отслика случувањата на теренот во „Палатата на спортовите“ во Киев.

– Сакам да ѝ честитам на Украина за победата. Одигравме доста добро прво полувреме. Но, не продолживме така во ист ритам. Немавме концентрација, посебно во неколку минути од продолжението. Така беше и со Шпанија. Мораше да бидеме во текот на сите 40 минути на ниво ако сакавме да победиме.

Не одигравме толку лошо за да загубиме со висока разлика. Но, се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри и ќе растеме како тим – рече Крстевски.

Следните два меча во квалификациската група „Г“ ќе ги играме следната година, на 24 февруари во Тбилиси против Грузија и три дена подоцна против истата селекција.

 

watch subbed anime. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

watch anime online Naruto: Shippuden (Dub)

anime freaks website Pokémon Journeys: The Series

AnimeFreak Mother of the Goddess’ Dormitory

AnimeFreak To Your Eternity

free anime online SK8 the Infinity