December 1, 2022 16:58
Спорт

Крос: Бразил е главен фаворит за СП, тие се многу гладни за победа

Тони Крос го смета Бразил за фаворит на Светското првенство во 2022 година.

– Бразил е мојот главен фаворит. Има три или четворица играчи на Реал Мадрид кои ги гледам секој ден. Мислам дека се многу добри. Дополнително, ако се погледнат последните резултати, Бразил победува на секој натпревар. Тие се многу гладни за победа. Имаат добра комбинација на борци кои се подготвени да влезат во секој дуел и оние кои имаат одлична техника, изјави Крос.

За неодамнешниот натпревар на Германија против Англија, Крос вели дека исходот е реален.

– Веројатно 3:3 е фер резултат. Двата тима имаа можност да го решат натпреварот во своја полза. Кога резултатот беше 2:0, мислев дека е готово, но Англија одлично возврати. После тоа, Германија беше целосно изгубена. Но, кога Германија почна да губи, не очекував дека ќе израмнат, изјави Крос.

На Мундијалот во Катар кој ќе почне на 20 ноември, Бразил е во Г-групата со Србија, Швајцарија и Камерун.