August 13, 2020 21:43
Економија

Кроација Oсигурување AД – Друштво за неживотно осигурување се закити со меѓународен Сертификат за квалитетно управување

Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување согласно своите стратешки вредности и ценејќи ја довербата на своите осигуреници цврсто застана зад проектот за имплементација на систем за квалитет согласно стандардот ИСО 9001:2015, кој би се почитувал и применувал како трајно начело во сите подрачја од работењето.

Преку континуирано залагање за одржување и зајакнување на начелата за квалитет, ќе се овозможи подобрување на сите процеси и задоволување на барањата на клиентите, кои се секогаш примарна цел во работењето на Друштвото.

„Највисокиот менаџмент заедно со оперативното раководство за квалитет на Кроација Осигурување АД – неживот во изминатиов период беше насочено кон имплементација на нов стандард за квалитет, кој во домен на неживотно осигурување не е едноставен за имплементација поради низа комплекности на процесите. Процесот се одвиваше во неколку фази а основата беше скенирање на сите процеси во работењето и формирање на процесни матрици кои ќе донесат квалитет, брзина но и контрола во сите домени од работењето. Резултатот беше успешна сертификација од страна на Lloyd’s Register Quality Assurance. Тоа што многу малку компании во нашата држава поседуваат ваков Сертификат не прави препознатливи по уште една значајна карактеристика – квалитетот во работењето“, изјави Вилма Учета Дузлевска – Генерален Извршен Директор на Кроација Осигурување Неживот АД Скопје.

Политиката за квалитет произлегува од мисијата и стратегијата на Друштвото и е дел од неговата деловна политика. Основната цел е да ги регулира активностите на осигурување во насока кон висока професионалност и квалитет на услугите, континуирано следење на задоволството на клиентите преку нивни препораки и барања, одржување на задоволство и мотивираност на вработените како и следење на ризиците и проактивно учество во спречување на истите, но и мерливост на резултатите и нивна ефективност и ефикасност.