November 27, 2021 03:42
Магазин

Кристофер Нолан најавува филм за „таткото на атомската бомба“

Култниот режисер, сценарист и продуцентКристофер Нолан избра да соработува со Universal Pictures за претстојниот филм за американскиот физичар Роберт Опенхајмер кој помогна во развојот на атомската бомба во текот на Втората светска војна.

Медиумите потсетуваат дека соработката со студиото „Јуниверзал“ е првпат во речиси две децении режисерот да не снима филм за „Ворнер Брос“.

Режисерот во последниве недели разговараше со неколку холивудски студија за можноста да ја поддржат неговата драма, која има буџет од 100 милиони долари. „Сони“ и „МГМ“ исто така беа во комбинација. Нолан разговараше и со „Ворнер Брос“, но односите со неговиот поранешен студиски дом се заладени.

Режисерот беше бесен од одлуката на „Ворнер“ да ги објави сите филмови од 2021 година истовремено и на ХБО-макс. Студиото, од друга страна, не беше задоволно од неговите јавни коментари што го изразуваа неговиот гнев.

Нолан ја нарече Ејч-би-о макс „најлоша стриминг-платформа “, груба оценка која веројатно нема да влезе во маркетинг-материјалите на компанијата.

Снимањето на филмот за Опенхајмер, кој сè уште нема наслов, се очекува да започне во првиот квартал од 2022 година.

AnimeBee: Ano Natsu de Matteru: Bokutachi wa Koukou Saigo no Natsu wo Sugoshinagara, Ano Natsu de Matteiru. anime episode Full online free at https://animebee.to anime streaming

https://aniwatch.pro anime sites

KissAnime: Endride anime episode 24 online free at https://kissanime.mx kissanime discord

Yuki Yuna is a Hero: The Hero Chapter Episode 6

Wefunder: https://wefunder.com/gogoanimelol

Roomstyler: https://roomstyler.com/users/animeflixnl