December 4, 2022 19:12
Магазин

Кристијан Бејл: Актерите добиваат улоги кои Ди Каприо ги одбива

Кристијан Бејл даде интервју за магазинот „Џи-кју“ (GQ) во кое истакна дека својата кариера му ја должи на Леонардо ди Каприо.

Бејл открива дека кариерата ја изградил на улогите кои Ди Каприо ги одбил затоа што режисерите редовно одат прво кај него, а дури потоа кај сите други актери.

„Не сум само јас. Така е денес, така е веќе некое време. Секоја улога што ја добива еден актер е улога што Ди Каприо претходно ја одбил. Нема врска со тоа колку си добар со одреден режисер, секоја улога што сум ја глумел му била понудена претходно“, рече Бејл и додаде: многу луѓе ми го кажале тоа. Затоа, ти благодарам, Лео.

„Тој буквално може да избере што ќе работи. И добро за него, тој е феноменален. Благодарен сум што добивам каква било улога, јас сум свесен дека не можам да глумам како него. Не би можел ниту да живеам со славата со која тој живее, а тоа го прави на одличен начин