Магазин

Кристин Дејвис се придружи на тимот на нова хумористична серија

Актерката од „Сексот и градот“, Кристин Дејвис, која се враќа за претстојниот рестарт на хит-серијата на Ејч-би-о макс, влезе во нов проект на стриминг-патформата.

56-годишната актерка го стави својот потпис за да глуми во Deeds, нова серија мрачна комедија за стриминг-услугата Ворнер-медија, објави порталот „Дедлајн“.

Проектот потекнува од продуцентската куќа на Елен Помпео, „Каламити Џејн“, а Дејвис исто така треба да биде и извршен продуцент.

Проектот ја следи очајната агентка (Дејвис) која чекори по сè помрачна патека кога е принудена да се здружи со млада двојка социопати, зависници од дрога.

WCOStream animes online: Watch My Hero Academia 2 (Dub) Episode 9 (https://wcostream.cc/m/Qw1Y/ep-9)

KissAnime black clover kissanime: My Hero Academia 3 (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/yZJ6) Episode 25