August 22, 2019 00:04
Забава

Кристина Арнаудова: Проект Среќа има околу 4000 донатори годишно

Приватно иста како професионално. Сосема истата. Taa e мајка, сопруга, пеачка, композитор, претседател и основач на нејзиното здружение,,Проект Среќа“, здружение кое работи проекти за деца кои се во категоријата ,,социјален ризик,, со акцент на децата кои живеат во сиромаштија….Таа е личност која сака да прави многу нешта, и дава се од себе да успее во тоа. Велат дека во живо е многу топла и споната, а на телевизија изгледа малку ароганстно и ладно.Тоа е Кристина Арнаудова која за 24 инфо вели дека ја прават среќна мали нешта.

-Ме прават среќна мали нешта, и среќна сум што е тоа така. Не ми требаат бродови авиони и палати за да бидам среќна. Среќна сум кога моите деца се здрави и насмеани, кога Максим ќе ми напише пред спиење на лист , Те сакам мамо, кога Матео ќе ми викне ,,мама Тинаааа,, среќна сум кога имаме добар концерт со мојот бенд, среќна сум кога мојот сопруг ќе ми прати цвеќе без причина, среќна сум кога патувам низ светов, а најсреќна сум кога можам некого да направам среќен…

– Како се снаоѓа меѓу семејството и музиката имате ли слободно време за себе?

Тоа е една машина во која сум влезена, и се навикнав на тоа темпо..Кога човек сака, може се, и тоа со немањето време е измислица…се има време за се, само треба добра организација. Еве , понекогаш не стигнувам баш секаде, и баш не сум точна , како на пример со ова интервју на кое чекате, цел месец, хахахах, ама сепак кога тогаш, успевам, хахахах. Битно е дека уживам во се што правам, и моето семејство, и во музиката, и во мојата работа во Проект Среќа….

– Иста и пред и после породувањето. На што се должи тоа, колку време поминувате по теретани?

За жал многу малку вежбам, речиси воопшто не….да кажеме дека почнувам во април со вежбање, а завршувам во авугст, хахах, скроз кампањски, и тоа ете, е она кое најмногу ми недостасува, вољата за редовно спортување. Тие два часа во денот, кои хронично ми недостасуваат. Порано вежбав и навечер, кога сите ќе заспијат…е сега тоа поретко ми се случува. Ако мислите дека изгледам добро, ви благодарам, јас мислам дека секогаш може подобро…многу пешачам, во текот на денот секогаш јадам салата, пијам цедени сокови, не кознумирам често леб и шекери, се трудам она кое го внесувам во мене да е стварно хранливо и квалитетно….Горе доле тоа е тајната, ако мислите дека е добра, слободно применете ја на себеси! Ха ха ха

– Нов проект музички треба ли да очекуваме наскоро?

Немам појма…последнава година, немав желба за создавање на нова музика. Во главата немав музика. Си реков, ако не се врати музиката во мојата глава,и во моето срце,  нема смисла да снимам било што…Ако се врати, ќе чуете…ако не , ќе почекате. Не мислам дека морам да снимам и работам по секоја цена. Тоа би било скроз глупаво. Музиката не е на лента за печатење, тоа е уметност, а во оној момент кога ќе полнеш да снимаш само заради тоа што сите очекуваат дека треба , е тогаш музиката губи секаков смисол…Можеби кон крајот на годината да сработам еден убав проект, а дали ќе биде, ќе дознате секако на време…

– Што е со „Проектот среќа“?

Проект Среќа е моето здужение. За се што работиме можете да се информирате на нашата фб страница и секако, да не поддржите во тоа. Тоа е она кое е мое работно место, 8 часа во денот веќе три години. Тоа е она кое сега ме исполнува и ме прави среќна.

– Колку се хумани Македонците?

Генерално, традицинално, не сме познати особено по својата филантроија и хуманост.Во главно тоа се должи на тоа што ние, како народ, никогаш не сме биле богати, па немаме навика да даваме на другите. Се водиме по старото добро правило, не давај, ќе ти затреба. Треба време за тоа да се смени. И одиме на мнооогу подобро последниве години. Социјалните мрежи особено помагаат за тоа да се промени на подобро. Проект Среќа има околу 4000 донатори,на годишно ниво, и можеме слободно да се пофалиме, дека држиме рекорди во спроведувамње на масовни донаторски кампањи наменети за деца.

– Како Кристина го поминува денот?

Па во трчање најмногу…наутро ги спремам децата за во школо и градинка,па себеси за во Проект Среќа…имам доста состаноци во текот на денот…попладнето го поминувам со семејството, дома, по игротеки, по родендени, спремам јадења, правам сокови….вечерта евентуално имам проба со бендот , ако имаме концерт…ако не, легнувам рано…претпоставувате зошто ха ха ха

– Треба ли наскоро да очекуваме солистички концерт?

Незнам. Треба ама не знам дали тоа ќе се случи. Ако срцето каже да се случи, ќе биде…ако не, да сме здрави и живи.

– Омилена ваша песна?

Возови

– Имате ли наследник во подмладокот?

Не знам, се уште не…а и не мора. Нека бидат свои, нека си создадат свој пат. Што и да посакаат, јас ќе бидам тука да ги поддржам…И ќе бидам горда со нивниот избор!

Валентина Ангеловска

 

Нови вести

(Видео) Синот на Глорија Вандербилт благодарен што родителите не му го оставиле своето богатство

Filip

Џемперот на Гвардиола продаден за 6.000 фунти

Filip

Отворен апартман за љубителите на „Игра на тронови“

Igor