Економија Свет

Кристалина Георгиева: Светската економија влезе во рецесија

Глобалната економија влезе во период на рецесија поради пандемијата на новиот коронавирус, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.

Според неа, рецесијата е многу полоша од глобалната финансиска криза.

ММФ се фокусирал да гарантира дека има силен одговор на здравствената криза, како и да дејствува на закрепнување на економијата, нагласи Георгиева.

Таа изрази решеност да ја искористат „воената резерва” од 1 трилион долари доколку е потребно како одговор на пандемијата.

Според Георгиева, најголема опасност е бранот банкрот и отпуштања, што ќе го отежне обновувањето на економијата.