October 22, 2021 05:33
Балкан

Кривокапиќ: Експертската влада е најдобар модел

Црногорскот премиер Здравко Кривокапиќ денеска објави дека многу внимателно ќе ги разгледа сите нови иницијативи и предлози за подобрување на работата на владата, кои дојдоа и ќе дојдат од претставниците на парламентарното мнозинство, а зад кои, како што наведе, стојат најмалку 41 пратеник.

Кривокапиќ на Твитер повтори дека е на мислење дека експертската влада е најдобриот модел за водење реформи и демократска транзиција и дека не значи дека експерти не можат да предлагаат и политичките партии.

„Владата останува посветена на договорот што го потпишаа тројцата лидери на коалицијата по 30 август, но и борбата против организираниот криминал и корупцијата и владеењето на правото, што подразбира итни и неодложни промени во судството и обвинителството”, напиша Кривокапиќ.

Тој тоа го објави откако синоќа претставниците на ДФ и Демократите се договорија за реконструкција на актуелната влада, а еден од лидерите на ДФ, Небојша Медојевиќ, на денешната прес – конференција рече дека Кривокапиќ не може да биде шеф на нова влада.

Кривокапиќ и претставниците на УРЕ на Дритан Абазовиќ не учествуваа во договорот помеѓу ДФ и Демократите.

Tight-rope (https://kissanime.mx/m/g5Mp) Episode 2

First Squad: The Moment of Truth (https://animepahe.cc/m/DQpQ) Episode Full

Sore Ike! Anpanman: Yousei Rinrin no Himitsu (Dub) Episode Full

AnimeTV: Cinnamoroll: The Movie anime episode Full online free at https://animetv.cc my anime tv

Ultimate-guitar: https://www.ultimate-guitar.com/u/gogoanimelol

App gumroad: https://app.gumroad.com/gogoanimebe