Search

Кривични пријави за дрвокрадците од Прилеп кои нападнаа полициски службеници

Кривични пријави заработија 10 лица, сите од Прилеп, поради основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ – соопштија од секторот за внатрешни работи во овој град. Пријавите прилепчани ги заработија по инцидентот во кој пет полициски службеници беа брутално нападнати од дивокрадци на стариот пат Прилеп-Велес.

Осомничените се приведени, најмладиот има 21 година, највозрасниот 52 години. Повредените полицајци се во добра здравствена состојба, а најмногу настрада началникот на полицискиот одделение Чашка.

Треба да знаете
Последни објави