December 14, 2019 22:52
Хроника

Кривична против ексдиректор на ЈП „Национални шуми“ од Демир Капија

Полициска станица Неготино поднесе кривична пријава против двајца вработени во Јавното претпријатие „Национални шуми“ Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според информациите од МВР, се работи за С.Р.(44) и Д.Б.(48), двајцата од Демир Капија, едниот референт, а другиот технички директор во претпријатитето.

Како што се наведува, на 07.02.2019, првопријавениот, како референт во Јавното претпријатие издал испратница за количина на огревно дрво помала од фактичката состојба, со што го оштетил буџетот на ЈП „Национални шуми“ и Буџетот на државата.

Второпријавениот, во својство на технички директор усно се договорил со сопственик на железара во Демир Капија да направат компензација, односно вработените во Национални шуми да земат разновидна роба од неговата железара за потребите на ЈП „Национални шуми“, а тие за возврат да му дадат огревно дрво.

Нови вести

Врховниот суд потврди дека Вранишковски перел пари

Igor

При пожар во стан маж потешко повреден, 10 лица затруени од чадот

Valentina

Спасовски негира дека имал редовни контакти со обвинетиот Јовановски

Valentina