January 16, 2021 17:06
Uncategorized

Кривична пријава против право лице за работење по дозволеното време

Против правно лице од село Долно Градче, кочанско, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против правно лице од с.Долно Градче, кочанско и против В.В.(36) од Кочани, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”. На 3 јануари 2021 година полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на правното лице во с.Долно Градче и било констатирано дека работи по дозволеното време и во него биле затекнати 11 лица, соопшти МВР.