November 23, 2020 19:12
Македонија

Кривична пријава против Лидија Димова

Финансиска полиција најави, а во меѓувреме мислам дека е и доставена пријава до обвинителството за случајот со Лидија Димова, рече јавниот обвинител Љубомир Јовески на ТВ 24. Тој посочи дека станува збор за четири казнени дела од кои две ги направила самата директорка на Националната агенција за европски образовни програми, а во другите две учествувале и други лица.

– Основот на казнените дела е злоупотреба на службената дејност – рече Јовески, додавајќи дека во пријавата е опфатен веќе познатиот случај „Фризерница“, но и други случаи во чии рамки се извлечени 15 илјади евра од касата на Агенцијата.