February 3, 2023 14:29
Хроника

Кривична пријава против едно лице за фалсификуван негативен ПЦР тест

Одделение за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против С.Р.(46), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа”, соопшти денеска МВР.

Од Министерство информираат дека на 26 јуни 2021 година пријавениот, на Граничен премин „Меѓународен аеродром” Скопје, приложил фалсификуван негативен ПЦР тест како вистински.