April 20, 2021 19:37
Хроника

Кривична пријава за лице од село Вешала заради непочитување на здравствените протоколи

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.М.(49) од село Вешала, управител на угостителски објек, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.

Од МВР денеска информираат дека полициски службеници при извршената контрола на 15 февруари 2021 околу 21:35 часот во Тетово, во угостителскиот објект констатирале дека Н.М. постапил спротивно на одлуката на Владата на Република Северна Македонија и по дозволеното работно време во објектот имало гости.