Хроника

Кривична за стружанец кој без дозвола си изградил автокамп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.К. (50) од село Калишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Во текот на 2019, на подрачјето на Струга, пријавениот како сопственик и инвеститор, без добиена согласност и одобрение за градба, изградил автокамп и два помошни објекти.