Хроника

Кривична за пет скопјани за поседување марихуана

На 16.09.2019 во 11.30 часот полициски службеници од СВР Скопје, на бул.„Гоце Делчев“, ги лишиле од слобода Е.Ж.(41), С.Р.(28), С.И.(41) и А.Ќ.(28), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени прашкаста материја и марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 17.09.2019 во 00.35 часот полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го привеле Ј.А.(48) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.