October 21, 2020 22:04
Хроника

Кривична за момчето кое на Тик Ток се мајтапеше со Итната помош

Полициската станица Центар го расчисти случајот со лажното јавување во Итна медицинска помош, кој беше сниман и објавен на апликацијата Тик Ток на 13.09.2020, а беше споделен и на други социјални мрежи и против Х.К.(25) од с.Јурумлери, скопско, ќе поднесе соодветна пријава.

По објавувањето на видеото на апликацијата Тик Ток и други социјални мрежи, беа преземени мерки и беше констатирано дека Х.К. е лицето кое се јавува во службата за Итна медицинска помош Скопје, со што постапил спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, поточно член 16 бидејќи лажно повикувал на помош и пријавувал настан.

На 15.09.2020 во 16.30 часот во просториите на Полициската станица Центар со лицето бил извршен разговор, при што тој појаснил дека на 13.09.2020 околу 02.00 часот, додека бил во парк во општина Аеродром и правел видео се јавил во Итната медицинска помош и го сторил делото.

Осомничениот во меѓувреме пак постираше на контроверзната мрежа, но сега вели дека било во службата за Итна медицинска помош и лично и се извинило на началничката д-р Трифуновска.

Момчето вели дека откако вработените во Итната помош го прошетали и го запознале со работата на оваа служба и откако видел како телефоните непрестајно ѕвонат и на колку луѓе навистина им треба медицинска помош, тој сфатил каква грешка направил со тоа што упатил лажен повик, па упати апел до сите, да не се мајтапат со оваа служба.

Момчето кое тераше мајтап со вработените од Брза Помош со извинување:Сепак, нашето барање е јасно СТОП ЗА TikTok во МАКЕДОНИЈА!

Posted by СТОП за TikTok во Македонија on Понеделник, 14 септември 2020