October 16, 2019 18:47
Хроника

Кривична за девет лица кај кои била најдена марихуана

На 09.10.2019 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Самоилова“ го привеле Н.Ф.(31) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Истиот ден околу 16.10 часот во с.Мало Турчане, гостиварско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.Б.(24) и З.Б.(25 ) од гостиварски Балиндол, С.Ф.(31) од Беловиште и Л.М.(26) од Гостивар, затоа што при преглед кај нив бил пронајдена марихуана. С.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен  поднесок.

На 09.10.2019 во 01.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го привеле Б.К.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 08.10.2019 во 16.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар ги лишиле од слобода Б.И.(22) и Љ.С.(22), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 08.10.2019 во 21.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар го лишиле од слобода А.Ј.(34) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Нови вести

Малолетен моторџија се судрил со малолетник на велосипед

Igor

Полицаец ранет при боево гаѓање на полигонот Пенуш

Igor

Малолетник на Фејсбук објавувал компромитирачки слики од поранешната девојка

Igor