September 25, 2021 04:30
Македонија

Кривичен ќе издаде наредба за спровод во затвор на Боки и Катица, но екс шефицата на СЈО ќе се жали и во Стразбур

Кривичниот суд ја добил одлуката на колегите од скопска Апелација со која се потврдува затворската казна за Бојан Јовановски -Боки 13 од девет години и за поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева од седум години за случајот Рекет.

-По комплетирање на списите, предметот ќе биде доставена до судија за извршување санкции при Кривичниот суд Скопје, кој согласно досегашната судска пракса, ќе издаде наредба за спровод на обвинетиот Бојан Јовановски од куќен притвор на издржување на казната затвор. Воедно предметот ќе биде доставен и до судија за извршување снакции при Основниот суд во Гевгелија надлежен според место на живеење за понатамошно постапување за обвинетaта Катица Јанева, велат од Кривичен.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска најави дека во меѓувреме ќе поднесат и вонреден правен лек до Врховниот суд, но ако не успеат тука ќе се жалат и во Стразбур пред меѓународниот суд за човекови права.

-Целиот случај е надвор од цела здраво разумска логика и правна логика. Ние на сите тие правни недостатоци и повреди во постапката укажавме во нашите жалби. Како бранители став на одбраната беше дека тие жалби требаше да бидат усвоени и предемтот требаше да се врати пред првостепениот, Кривичен суд за да се исправат тие недостатоци, изјави Фрчковска за Алсат.

Таа за Телма најави дека Јанева најверојатно ќе бара одложување на казната, но дека не може со сигурност да тврди врз основа на што ќе се бара ова бидејќи Апелациониот суд се уште не им ја доставил пресудата.

-Здравствената состојба нејзина, значи не е добра во секој случај, но понатаму останува да видиме како ќе постапуваме, дали ќе бараме одлагање на издржувањето на казната ќе одлучиме откако ќе го добиеме образложението зошто е одбиена жалбата, рече Фрчковска и најави и дека во меѓувреме ќе поднесат и вонреден правен лек до Врховниот суд, но ако не успеат тука ќе се жалат и во Стразбур пред меѓународниот суд за човекови права.

Според праксата на Кривичниот суд, лица кои се веќе во куќен притвор, со упатен акт се испраќаат во затвор. Дури потоа постои законска можност осудените да побараат прекин на издржување на затворската казна. Дури потоа постои законска можност осудените да побараат прекин на издржување на затворската казна. Катица Јанева е во куќен притвор од 19 ноември 2019 година, а претходно 3 месеци беше во затвор. Целиот овој период ќе и биде пресметан во затворската казна од седум години. Боки 13 во домашен притвор е од 30 октомври лани, а претходно 15 месеци беше во истражниот затвор Шутка. И нему ќе му се пресмета овој период во казната затвор од девет години.

Против него се води и случајот „Меѓународен сојуз“ за измами преку неговата хуманитана организација.

Website https://animepahe.cc: Watch RWBY Chibi (Dub) animepahe Episode 65 online anime

AnimeDao: Kishin Douji Zenki Gaiden: Anki Kitan anime episode Full online free at https://animedao.nl fruits basket animedao

AnimeFreak - Watch Anime Online for Free. Subbed & Dubbed

4Anime Watch anime online, English anime online HD

Independent academia: https://independent.academia.edu/gogoanimelol

Gitlab redox-os: https://gitlab.redox-os.org/kissanimemx