August 12, 2022 01:19
Свет

Кремљ не ја исклучува смртната казна за двајцата Американци фатени во Украина

Американските државјани фатени во Украина се предмет на судски одлуки и не е исклучено соочување со смртна казна, соопшти денеска Кремљ. – Не можеме ништо да исклучиме, бидејќи ова се судски одлуки. Не ги коментираме и немаме право да се мешаме, изјави за новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Според него, Кремљ не знае каде се моментално лицата, откако нивните семејства информираа дека тие не се вратиле од мисијата во регионот на Харков. Вчера Кремљ соопшти за фатени двајца Американци во Украина, платеници, за кои нема да се применуваат Женевските конвенции и дека треба да одговараат за своите постапки.