March 27, 2019 02:25
Магазин

Крекери од просо

Овие крекери по состав во склад со хроно исхраната …

Потребно е:
130 г брашно од просо
100 г семки по избор, смелени (семки од сончоглед, семки од тиква, ленено семе, сусам)
1 рамно лажиче сол
250 мл вода
50 мл маслиново масло

Подготовка:
– Прво подгответе две големи тави (тие од рерна) и 3 хартии за печење колку само да го покријат дното на тавата.

– Во еден сад измешајте ги сувите состојки, брашното, семките и солта.

– Во помал сад на рингла загрејте 250 мл вода со 50 мл масло до вриење. Тргнете го садот на страна, додадете ги сите суви состојки и убаво измешајте. Ако смесата е кашеста вратете го садот на рингла и на тивко варете уште 1-2 минути со постојано мешање додека да се згусне. Оставете да се излади.

– Тестото поделете го на два еднакви делови. Едното тесто ставете го на едната хартија за печење и покријте го со друга хартија за печење. Стиснете го тестото од средината кон краевите. Тестото е меко и масно. Внимавајте треба да биде подеднакво дебело. Тргнете ја горната хартија. Истата постапка повторете ја и со другите две теста.

– .Двете тави ставете ги во загреана рерна на 150 целзиусови степени. По 6-7 минути извадете ги тавите и тестото исечете го на плочки, со остар нож или пак со нож за пица. Повторно вратете ги тавите во рерна и допечете ги уште 15-тина минути.

– Печените крекери оставете ги малку да се изладат и внимателно одоите ги на деловите каде останале залепени.

Нови вести

Huawei ја претстави извонредната HUAWEI P30 серија на настан во Париз 

Igor

Сите ова го правиме, а не знаеме колку е опасно

24info

Со хумано селфи, до многу насмевки: Cooking with Branko организира хуманитарна вечера

Igor