September 26, 2022 18:02
Свет

Крај на „бензискиот туризам“ во Унгарија, само Унгарците ќе купуваат бензин по намалена цена

Од петок само Унгарците ќе можат да купуваат гориво по намалена цена, а автомобилите со странски регистарски таблички по пазарна цена, изјави шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Со оглед на тоа што цената на горивото во Унгарија е најниска во Европа, „бензинскиот туризам“ процвета долж границата, па ни се заканува недостиг, изјави Гергели Гуљас.

„Странските купувачи го користат фактот што Унгарија може да ја одржи цената на горивото на 480 форинти (околу 1,23 евра), а во Европа е 700-900 форинти (од 1,79 до 2.30 евра)“, рече тој на прес конференција.

За да се спречат овие злоупотреби, само автомобилите со унгарски регистрации ќе можат да купуваат гориво по 480 форинти за литар.

Другите ќе ја платат пазарната цена, додаде Гуљас.