January 17, 2020 17:22
Свет

Крамп Каренбауер е новата министерка за одбрана на Германија

Наследничката на Ангела Меркел на местото лидер на Христијанско демократската унија (ЦДУ), Анегрет Крамп Каренбауер ќе ја преземе функцијата министер за одбрана од Урсула фон дер Лајен, изјави владиниот портпарол Штефан Зајберт.

Урсула фон дер Лајен, која вчера беше избрана за претседателка на Европската комисија, денеска ќе поднесе оставка од функцијата министер за одбрана.

Изборот на Крамп Каренбауер за министер за одбрана е изненадување за многумина во Берлин, каде се очекувале на тоа место да дојде министерот за здравство Јенс Шпан.

Крамп Каренбауер, која многумина ја гледаат како главен кандидат на канцеларката Меркел да ја наследи, моментно нема ресор во Владата, поради што критичарите биле против нејзино доаѓање на канцеларското место. 

Нови вести

Оставка на шефот на полицијата на Малта

Igor

Мицотакис го поттикнал Хафтар на конференцијата во Берлин да заземе конструктивен став

Igor

Евростат: 16 отсто од Европејците избегнува да купува на Интернет

Igor