February 3, 2023 20:27
Спорт

Крамариќ: Хрватска покажа кој кого ќе е*е!

Хрватска откако Канада ја налути со водството остварено уште во првата минута од мечот во 2. коло на групата на Светското фудбалско првенство на крајот ја испрати со четири гола во мрежата (4:1). Хрватска е на чекор од пласман во осминафиналето, а Канада ќе заврши по групната фаза, иако одигра одличен меч со Белгија и загуби само со 1-0. Во еуфорија од добрата игра на овој натпреавр, канадскиот селектор порача дека ќе ја е*ат Хрватска. Но наместо тоа загубија со убедливо.

Јунакот на овој меч за Хрватите, Андреј Крамариќ кој постигна два гола, по триумфот им се заблагодари на Канаѓаните за дополнителната мотивација.
-Сакам да им се заблагодарам на Канаѓаните за мотивацијата. Хрватска покажа кој кого ќе е*е“, изјави Крамариќ по мечот.
По победата над Канада, на Хрватска ѝ е доволен и бод против Белгија за пласман во осминафиналето.