Магазин

Кралот на лососот има 25 години и е трет најмлад милијардер во светот

Густав Магнар Видзе има 25 години, а е третиот најмлад милијардер во светот, со богатство проценето на 1,9 милијарди долари. Тој е сопственик на речиси половина од норвешката компанија ,,Салмар”, која ја доби како подарок од неговиот татко кога наполни 19 години.

Тој е препознатлив на социјалните мрежи по неговиот грамурозен начин на живот, патувања на егзотични дестинации, елегатниот стил на облекување и скапите часовници. Редовно е во првите редови на модните ревии, а слабост му се тетоважите.