August 20, 2022 00:38
Македонија

Коњановски: На Советот на општина Битола ќе му предложам точка за формирање на комисија за надомест на штетите од земјотресот

Вечерва сум на терен со дел од кризниот штаб кој ќе биде мобилен и активен во текот на целата ноќ. Ги посетивме Итната помош и Противпожарната единица, како и делови од градот каде доминираат висококатници и има поголеми штети.
Исто така Би сакал да ги известам граѓаните дека на утрешната седница на Совет ќе биде предложена дополнителна точка на дневен ред за формирање на комисија за надомест на штетите од земјотресот.