October 1, 2020 21:14
Магазин

Кој тоа таму управува?! – ИДСЦС со одговори на најгорливите прашања

Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), во март 2019-та година одржа конференција на тема: „Кој тоа таму управува?“ каде се дискутираше за начинот на кој се избираат управувачките структури и процедурите со кои што се управуваат јавните претпријатија, државните претпријатија и независните тела. Воедно, истиот месец авторите Миша Поповиќ и Марко Панковски ја објавија публикацијата „Кој тоа таму управува?“. Самата публикација и конференција се дел од проектот „Кон добро управување во државните претпријатија и независните тела” (Improved good governance of state owned enterprises and independent state bodies) – финансиран од Обединетото Кралство преку Владата на Обединетото Кралство.

Истражувањата на авторите и на „Социетас цивилис“ укажуваат на наоди дека поради недостатокот на процедури во јавните претпријатија, државните претпријатија и независните тела, се отвораат начини за коруптивни дејствувања. Со цел да го доловат ова визуелно, самиот институт подготвува низа видеа. Првото може да се погледне на:https://www.youtube.com/watch?v=0l0na8DynG8

Самото видео сака да покаже дека изборите за лица кои што се одговорни за извршување на клучни и суштински дејности кои се општествено значајни имаат простор да бидат избрани врз база на погрешни способности.