December 5, 2021 03:14
Македонија

Кој и зошто ги избришал- фалат 200.000 пораки од мобилниот на Боки 13

Бојан Јовановски- Боки 13 се сомнева дека се избришани пораките од неговиот мобилен за кои тврди дека ќе откријат вмешаност на политичари во случаите „Рекет„ и „Меѓународен сојуз“.

На копијата од дискот што го добил од МВР по вештачењето на неговиот телефон недостасувале илајдници пораки од неговата комуникација. Адвокатот Сашко Дуковски  на денешното рочиште за „Межународен сојуз“ рече дека некој се плаши од содржината на пораките, па најверојатно тие се избришани

Доколку се докажат нашите тврдења, некој дебело ќе одговара од таму. Судот тука воопшто можеби не е виновен затоа што судот изиграва еден вид трансмисија и тоа е обезбедено од страна на МВР. Но, внимавајте, цел фолдер, се работи за илјадници, некаде околу 200.000 пораки на „Whatsapp“. Тие се избришани од хард дискот. Ги нема. Каде се тие?“ вели Дуковски.

Претходно Јовановски на почетокот на денешното судење побара замена за судијата и обвинителот кои го водат случајот, но и за првиот човек на Кривичен, бидејќи како што рече, претседателот на судот, Иван Џолев му побарал мито од 50 илјади евра.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Третообвинета во случајот е ексминистерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски за измама. Второ и четвртообвинета се заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ и асистентката на Боки, Христина Блажевска – двете се товарат за помагање во делата измама и перење пари.

Петтообвинет е таткото на Боки, Миле Јовановски, кому на товар му се става помагање во перењето пари, како и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Во овој предмет обвинителството тврди дека бизнисмените Адријан Амзовски и Силјан Мицевски биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра, за едниот проект сума од 719.905, а за другиот 233.821 евра.

Поврзани вести

Нови 355 инфицирани од коронавирусот и 15 починати

Valentina

Леб, млеко, зејтин и брашно до Нова година ќе купуваме по иста цена

Valentina

(Видео) Жртвите од несреќата во Бугарија достојно испратени до вечните почивалишта

Igor