January 16, 2021 17:28
Свет

Кој е новиот директор на ЦИА?

Идниот американски претседател Џо Бајден ќе го назначи поранешниот дипломат од кариера, Вилијам Бернс, за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА). Бернс (64) работел како амбасадор во Русија и Јордан и има успешна 33-годишна кариера во Стејт департментот.

Кулминација на неговата дипломатска кариера беше позицијата заменик-државен секретар на САД, а во 2014 година тој се пензионира и го презеде управувањето со карнегиската фондација за меѓународен мир. По превирањата во Стејт департментот по доаѓањето на Трамп во Белата куќа, Бернс се повлече некое време.

„Бернс е дипломат за пример со децениско искуство во светската политика, кој ја чуваше и ја сочува нашата земја. Тој и јас го делиме ставот дека разузнавачките активности мора да бидат аполитички и дека посветените разузнавачки службеници во служба на нашата нација заслужуваат благодарност и почит. Американскиот народ ќе спие мирно со Бернс на чело на ЦИА“, рече Бајден.

Вилијам Бернс е награден со три претседателски награди за посебни заслуги и највисоки цивилни одликувања на Пентагон и разузнавачката заедница.