October 15, 2019 23:48
Македонија

Кој е надлежен за „Талир 2“ СЈО или ОЈО?

Наместо со воведни зборови на обвинителката Ленче Ристоска да почне денешното рочиште за случајот „Талир 2“,  се случуваше правна битка во судница за тоа дали редовното обвинителство е надлежно да го презеде овој предмет од СЈО-објави Фокус.

Обвинителката Ристоска појасни дека има овластување од републичкиот јавен обвинител и понатаму да го застапува предметот, кој сега се води под нов број.

Адвокатот Наков пак појасни дека од неговиот клиент Груевски нема полномошно да го застапува предметот со новиот број, иако содржината е иста.

-Вчера се обидов да стапам во контакт со мојот клиент и за овој предмет, но не успеав, поради што немам овластување да го застапувам. Немам полномошно за овој број на предметот. Се соочувам со нов број на предмет, истакна адвокатот Наков. Тој додаде дека најпрвин треба да го извести својот клиент со настанатите предмети и да побара согласност за понатамошно застапување.

Наков го оспори и превземањето на предметите од редовното јавно обвинителство.

-Овластувањето кое го достави овбвинителката е обид за правно оправдување за преземање на предмети од републичкото јавно обвинителство, за кој има специјална стварна надлежност и за кое има и специјални докази, рече адвокатот Наков.

Обвинителката Ленче Ристоска му реплицираше на адвокатот Наков, појаснувајќи дека полномошното е издадено со сите права кои му припаѓаат на адвокатот се до правосилно завршување на постапката.

Нови вести

Лукаревска во Кичево: Повратот на ДДВ е навремен и неселективен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните, на прав пат сме

Igor

Учениците од ,,Димитар Влахов“ со допир го запознаа Пендаровски

Igor

Спасовски во Кичево: Продолжуваме со концептот парите назад кај граѓаните, следува намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Igor