August 19, 2019 10:27
Магазин

Која храна го спречува штетното влијание од мобилните уреди?!

Повеќето од нас веќе не можат да замислат еден ден без мобилен или компјутер.

Сепак, и технологијата исто така има симптоми кои најчесто се замор, болка во очите и главоболка.

Можеби се напрегате поради сината светлина што доаѓа од екраните на нашите уреди, а особено од компјутерите кои станаа дел од секојдневието на нашата работа. Да, намалувањето на времето поминато пред екранот сигурно ќе помогне, но екраните се насекаде и во зависност од професијата е невозможно да ги избегнете.

Но, што можете да направите? Збогатете ја исхрана и заштитете го мозокот и видот.

Што е синото светло и зошто е толку штетно?

Кога гледаме на сончева светлина или “бело светло”, всушност гледаме во комбинација од различни светлосни обоени зраци. Моќното сино светло што доаѓа од телевизорите, компјутерите, таблетите и мобилните телефони може да биде исклучително штетно за очите и мозокот. Нашите очи можат да блокираат други УВ зраци, но видливата сина светлина може да помине низ заштитниот дел на окото.

Постепено доаѓа до главоболка, болка во очите, тешкотии при фокусирање и слаб квалитет на спиење.

Храна против екранот

Не постои подобро решение од тоа, да го одалечите видот од екранот. Но, одредени хранливи материи значително помагаат да се ублажат ефектите од сината светлина. Храна која содржи зеаксантин, лутеин и астаксантинот ги штити очите, и е поврзана за превенција од главоболки и замор.

Добар извор на овие хранливи материи е зелен зеленчук, а особено со заексантин богати се зеленчуците како брокула,спанаќ и кељ. Лутеинот се наоѓа во портокалите, морковите, пиперките и тиквите. Астаксантин, т.е. корисен црвен пигмент доаѓа во форма на морска храна како лосос и шкампи.

Исто така, овие намирници можете да ги комбинирате. Денот е одличен да се започне во комбинација на храна богата со лутеин и зеаксантин, така што во миксер ќе направите зелено смути и испијте го.

Нови вести

(Видео) Човек за влакно избегна удар од гром

Igor

На Аљаска најдена порака в шише напишана пред 50 години

Igor

Преображение Христово, благословување на плодовите

Daniela