June 17, 2019 07:08
Македонија

Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашиот живот

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас по изгласаните уставни измени разговарал со македонскиот премиер и шефот на македонската дипломатија, а преку неговиот официјален Твитер профил ѝ порача добредојде на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

-Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, на заморот, на  тензиите, на довербата и надежите што ги поминавме работејќи на договорот. Сонувавме заедничката иднина за двата народа. Северна Македонија , добредојде во нашиот живот. Историјата треба да биде училиште, а не затвор, напиша на Твитер, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Нови вести

Пороен дожд, грмежи и ветер вечерва во Скопје

Filip

(Видео) Николовски: Ќе ја следиме секојa мерка и секој проект на градоначалниците

Filip

ВМРО-ДПМНЕ ја прослави 29-годишнината од основањето на партијата

Filip