October 23, 2020 10:41
Спорт

Кошаркарките на ,,Патриот 2016″ поразени од екипата на ,,Пантери”

 Во Делчево вечерва се одигра последниот натпревар од 7 коло во Првата женска кошаркарска лига во РСМ. Во дербито на дното на паркетот во салата ,,М.М.Брицо”, екипата на ,,Пантери” со резултат 54:57 славеше над домаќинките на ,,Патриот 2016″.
Според тренерот на домашната екипа Љупчо Петровски, ова беше натпревар во кој лесно можеше да се случи бодовите да останат во Делчево.
-Имавме шанса да ја забележиме втората победа сезонава, но сепак Пантери како малку поискусна екипа успеаа да го сочуваат водството на крајот на натпреварот и да си заминат непоразени. Моите кошаркарки беа борбени, но сепак фалеа мали нијанси, кои го одлучија натпреварот, истакна Петровски.
Во таборот на делчевки најистакната поединка со 30 постигнати кошеви беше репрезентативката Ангеловска, додека значаен учинок имаше и Теодора Атанасовска.
Со овој пораз ,,Патриот 2016″ останува во долниот дел на табелата, со 8 бодови и скор од една победа и шест порази.
Во следното 8 коло, делчевки на 14 декември 2019, со почеток од 12 часот ќе ја пречекаат екипата на ,,Пробаскет Академија”.