February 25, 2020 11:07
Спорт

Кочов: Пред сезоната Сплит беше мој фаворит за највисок пласман

Македонскиот кошаркарски првак и претставник во регионалното АБА 2 натпреаврување МЗТ Скопје Аеродором, вечерва (19 ч.) му гостува на хрватскиот Сплит од истоимениот град. Тренерот на МЗТ Скопје Ѓорѓи Кочов пред  воведниот дуел од 17. коло во регионалното натпреаврување, искажа комплименти за противничкиот тим.

– Сплит пред сезоната беше мој фаворит во борбата за највисок пласман, бидејќи има квалитетен и талентиран состав, а доказ за тоа е и неодамнешната победа над Цибона. Свесни сме дека противникот ќе стори сѐ за да нѐ победи, бидејќи тоа им е неопходно во борбата за плејофот. Но, без разлика што Сплит е засилен во однос на првата средба, ние не патуваме во Хрватска со бело знаме. Ако успееме да го контролираме резултатот за да бидеме во егал-ситуација до самиот крај и ако го исконтролираме скокот, тогаш ќе имаме добри шанси да се вратиме со триумф, порача Кочов.