November 18, 2019 23:39
Хроника

Кочан прво треба да ја плати казната, па потоа да бара спас од Врховен

Бизнисменот Сеад Кочан го бара последниот спас од Врховен, каде што бара вонредно преиспитување на пресудата, бидејќи на 17 јули треба да влезе во затвор и да ја издржи затворската казна од 4 години и 8 месеци. Сепак неговиот предмет сѐ уште е во Кривичниот суд, бидејќи Кочан требало прво да ја плати казната која му беше одредена во случајот „Трансмет“.

-Судот согласно одредбите од ЗКП најпрво мора да постапи во редовна постапка во сите фази на постапувањето пред да се проследи до надлежниот суд кој одлучува по вонреден правен лек. Предметот е во фаза на извршување на санкциите изречени со правосилната  пресуда на Апелациониот суд Скопје, а која се уште не е извршна во делот на паричната казна спрема обвинетото правно лице – Трансмет, што е дел од редовното постапување кое како што наведовме погоре има предност пред вонредното постапување, велат од Кривичен.

Според првостепената пресуда Фирмите „Трансмет“ и „Силекс Неметали“ требаше требаше да платат парични казни од по 33.000 евра. Од осудените и фирмите треба да се направи конфискација на имот во вредност од 17 милиони евра.

Нови вести

Седум мигранти од Сирија приведени во реонот на село Речица, Кумановско

Filip

По пожарот во септември, велешка „Маслодајна” спогодбено се обврза да плати 50.000 евра

Filip

Заскитани куршуми завршиле на тераса во Чаир

Igor