January 26, 2021 12:06
Македонија

Костовски: Намерата на СДСМ е да направи се што е во корист на граѓаните и државата

„Зоран Заев, СДСМ и коалцијата направија многу. Каде бевме 2016 година – а каде сме сега, е еквивалент кој што треба да биде споредбен и предмет на анализа на домашната јавност и аналитичарите“, изјави пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, за отвореното студио на ТВ 24, одговарајќи на новинарско прашање како би го прокоментирал денешното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската новинска агенција БГНЕС.

Според него, намерата на СДСМ е да направи се што е во корист на граѓаните и државата, како што е отпочнување на пристапните преговори со ЕУ.

„Многу е тешко овој период. Најлесно е да излезете на говорница, да излезете на прес-конференција, да имате определен став, но со сето тоа ќе стоиме далеку во подрумот на недемократијата и изолираноста“, вели Костовски.